Поврзете се со нас

Англија

Покетино ги разлути навивачите на Тотенхем со изјавата за време на првиот работен ден во Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино денеска за првпат пристигна во Кобхам центарот и се запозна со персоналот со кој ќе соработува како менаџер на првиот тим, но тоа беше добра прилика за одработување и на првото интервју.

Аргентинскиот стручњак прифати да биде човекот кој ќе го води проектот на „сините“ и покрај тоа што истиот носи голема несигурност, но и одговорност и притисок поради огромните барања кои ја има водечката гарнитура која од минатата година е предводена од Тод Боли.

Покетино е свесен дека од Челси ќе мора да направи тим кој ќе победува на редовна база, но истовремено со првата изјава која ја даде како менаџер на Челси, брзо загуби добар дел од симпатиите кои ги уживаше кај фановите на Тотенхем.

– За мене е чест и задоволство што ќе бидам инволвиран во клуб како Челси. Сите сме многу возбудени, знаеме дека Челси е еден од најголемите клубови во светот.

– Ми беше прелесно да ја донесам одлуката, беше прелесно да ја прифатам понудата од Челси. Денеска ги запознавм луѓето во Кобхам, се адаптираме со стручниот штаб и знаеме дека пред нас е возбудливо време. Сакаме да ја вратиме среќата во овој клуб, историјата на Челси вели дека секогаш мора да се победува и ќе работиме на тоа.

– Победничката култура е наметната и тоа не може да се негира. Во последнит 10, 12 или 15 години Челси е најголемиот и најдобар тим во Англија и сите го знаат тоа, – потенцира Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни