Поврзете се со нас

Свет

Покетино ги посочи двајцата најдобри тренери во светот во овој момент

Објавено

на

Маурисио Покетино има проблеми да врзе добри резултати во домашното првенство откако го презема ПСЖ, но сепак тимот игра изворедно во Лигата на шампионите и елиминираше два огромни великани за да се најде во полуфиналето.

„Светците“ во осминафиналето ја исфрлија Барселона, а во четвртфиналето беа подобри од европскиот првак Баерн Минхен и сега се најдоа меѓу четирите најдобри екипи на стариот континент. Францускиот шампион во полуфиналето за противник ќе го има Манчестер Сити, а во првата најава за овој двомеч, аргентинскиот стручњак го посочи Пеп Гвардиола како најдобар светски тренер.

Во интервјуто за „Кадена Сер“, Покетино истакна дека е огромен оптимист околу останувањето на двете најголеми ѕвезди Нејмар и Мбапе, но фокус стави и на двајцата најдобри тренери во светот кои исто како него, ќе бидат дел од полуфиналето во Лигата на шампионите.

– Манчестер Сити ќе биде наш противник. Сакам да се соочувам со Пеп, тој за мене е најдобар тренер во светот и ако сакаш да се подобриш, мора да се пресметуваш со најдобрите. Ќе биде огромен предизвик да се надмудрувам одново со него, Сити игра неверојатен фудбал и има извонредни индивидуалци.

– Сите знаеме дека главната цел на Гвардиола е Лигата на шампионите. Во Англија заврши фантастична работа. После Пеп, тука е Зидан. Зизу покажа дека е на исто ниво како Гвардиола, тие двајца докажаа дека се најдобри изминативе неколку години, а доказ за тоа се резултатите и освоените титули. Чест е да се биде од тоа друштво, не ме чуди тоа што многумина сега сметаат дека Реал Мадрид е фаворит за титулата, – посочи Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни