Поврзете се со нас

Англија

Покетино ги изненади фановите со споредба: Реал го чекаше Зидан повеќе од шест месеци

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Челси не успеа да освои три бода на гостувањето кај Борнмут, што направи дополнителен притисок врз менаџерот Маурисио Покетино, чија екипа не може да биде задоволна од почетокот на сезоната.

Аргентинскиот стручњак по средбата ги бранел своите фудбалери, тврдејќи дека навивачите мора да бидат потрпеливи затоа што се работи за млади играчи кои неодамна дошле во екипата и треба да се адаптираат на неа.

Покетино отишол и малку подалеку, споредувајќи ја ситуацијата со таа во Реал Мадрид по трансферот на Зинедин Зидан пред повеќе од две децении.

– Имаме одлични млади фудбалери кои ќе бидат добра инвестиција за клубот.

– Но, треба да биде јасно и дека им е потребен период за адаптација, не е фер да ги оценуваме по еден, два или три натпревари.

– Реал Мадрид плати 70-80 милиони евра за фудбалер како Зинедин Зидан, а по првите шест месеци фановите се чудеа зошто биле инвестирани толку пари. Тој почна да се адаптира по седмиот-осмиот месец, а имаше 26-27 години. Нашите фудбалери се уште помлади, не се машини и мора да бидеме внимателни со нив, – изјавил Покетино.

Челси освои пет бода по пет одиграни натпревари во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни