Покетино е дефинитивно разочаран од ВАР: Тоа е кошмар, ќе биде огромен проблем во иднина

Maurisio-Poketino

Тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино уште еднаш се пожали од ВАР, иако неговиот тим славеше со 3:0 против Свонски во четвртфиналето на ФА купот.

Кристијан Ериксен беше двоен стрелец, а еден гол додаде Ерик Ламела за пласман во полуфиналето на ФА купот. Но, натпреварот не помина без контроверзи, откако, при резултат 1:0, голот на Сон Хеунг-мин беше поништен поради офсајд. Инцидентот беше проверен со ВАР, но линиите повторно беа нејасни, па одлуката за офсајд остана.

– Тоа беше кошмар. Жал ми е за луѓето што се обидуваат да го користат системот. Мислам дека подобро е судијата или неговите помошници да направат грешка, отколку да чекаме три или четири минути за ВАР. Толку е комплексно, но најлошо е што има негативен ефект на навивачите. Тоа ќе биде огромен проблем во иднина. Ќе видиме што ќе се случува на Светското првенство – изјави Покетино.

 

Facebook Коментари