Поврзете се со нас

Англија

Покетино доби прашање за двајца играчи кои исчезнаа од првиот тим и зачуди со одговорот кој го даде: Кој? (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино имаше можност да соработува со над 30 фудбалери во Челси од почетокот на летните подготовки, а големите промени во играчкиот кадар направија веќе и да заборави дел од фудбалерите кои се уште важат за членови на лондонските сини.

Челси во петокот ја оствари првата победа во новата сезона и сигурно славеше над Лутон со 3:0, но речиси два дена подоцна, многу популарен стана неговиот одговор од пресот на „Стемфорд Бриџ“.

Еден англиски новинар го запраша Аргентинецот што се случува со Маланг Сар и Џејмс Каминг кои исчезнаа од првиот тим, по што Покетино шокираше со одговорот и имаше реакција како целосно да ги заборавил двајцата.

– Кој???, – запраша Покетино, кој откако доби објаснување и од преведувачот, призна дека добил навистина тежок удар од новинарот.

– Не знам што да ти кажам…… Не знам што да т и кажам бидејќи навистина ме изненади. Се чувствувам како да добив удар, мислев дека ќе зборуваме за Лутон, – одговори менаџерот на Челси.

Маланг Сар минатата година беше на позајмица во Монако и неговата иднина во клубот е неизвесна, а истото важи и за Каминг кој во подготовките бранеше на мечот против Врексам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни