Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино доби две големи засилувања за мечот со Сити: Меси и Верати од првата минута (Фото)

Објавено

на

Дефинитивно најмногу внимание од денешните натпревари во Лигата на шампионите ќе предизвика натпреварот на „Паркот на принцовите“ каде ПСЖ ќе го дочека тимот на Манчестер Сити.

Јасно е дека и двајцата тренери, Маурисио Покетино и Пеп Гвардиола ќе истрчаат со најсилниот состав за дерби пресметката.

На еден час до почетокот на натпреварот познати се и официјалните состави и се даде одговор на најчесто поставуваното прашање овие денови, дали Лео Меси ќе игра на оваа средба.

Аргентинецот ќе биде во почетниот состав на ПСЖ, а она што е позитивно за Покетино е што во првиот тим се враќа и Марко Верати по принудната пауза поради повреда. Од првата минута ќе започне и Џиџио Донарума кој ќе го менува Кејлор Навас.

Гвардиола пак истрча со проверени сили и Рахим Стерлинг кој ќе ја има улогата на „лажна деветка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни