Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Бројките велат дека Челси треба да биде на четвртото место

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Актуелните сопственици на Челси потрошија над 1 милијарда фунти за трансфери, но лондонскиот клуб и втора сезона по ред може да остане без пласман во европските купови.

Менаџерот Маурисио Покетино вели дека не му пречат критиките на фановите, а истовремено смета дека неговиот тим според сите податоци и статистиката би требало во моментов да биде на четвртото место на табелата.

– Ако ги гледате сите бројки и податоци, ние сега требаше да бидеме на четвртото место, но не сме таму поради различни причини.

– Она што го покажуваат бројките е дека сме на добар пат, но мора да се подобриме во одредени сегменти. Најважно е искуството, односно потребно ни е време и многу работи ќе си дојдат на своето место.

– Податоците велат дека сме на вистински пат и поради тоа мора да имаме верба во процесот, – истакнал Покетино.

Во моментов Челси е на 11. место на премиерлигашката табела и има 17 бодови помалку од четвртопласираната Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни