Покажа дека е меѓу најатрактивните играчи во НБА: Гордон си асистираше на себе и го „скрши“ обрачот во „Стејплс Центарот“ (Видео)

gordon

Најголемото изненадување минатава ноќ во НБА лигата го направи составот на Орландо Меџик кој како гостин славеше над Лос Анџелес Лејкерс со 119-118.

Ова беше средба на која гостите беа расположени за игра и надигрување со најдобриот тим на Западот, а меѓу најактивните беше Арон Гордон. Арон реализираше 21 поен, 6 скокови и 3 асистенции со тоа што имаше неколку страшни потези со кои го замолкна „Стејплс Центарот“.

Еден од нив беше конкуренција најдобар, па така Гордон сам си асистираше и со помош на таблата си овозможи супер забивање. Оваа негова мајсторија воедно е и потег на денот во најсилната лига на светот.

Facebook Коментари