Поврзете се со нас

Шпанија

Појет: Азар требаше да биде замена за Роналдо, кога дојде во Реал изгледаше…

Објавено

на

Шпанскиот великан Реал Мадрид се уште го чека Еден Азар да блесне со сиот свој сјај, да го покаже тоа што го красеше во Челси каде беше еден од најважните играчи, асови за успесите на тимот во периодот што е веќе зад нас.

Белгиецот од 2019 е во Мадрид, меѓутоа овој негов досегашен период е одбележан со многу пехови, повреди и тоа дефинитивно е проблем како за играчот така и за клубот кој секогаш има највисоки цели на сите фронтови.

Некогашниот играч на Тотенхем и Челси, Густаво Појет се обиде да направи една анализа и според него трансферот на Азар бил задоцнет, поточно истиот требало да се случи во 2018 кога Реал го загуби Кристијано Роналдо.

-Многу ме боли во овој случај. Кога Роналдо си замина тој требаше да го наследи, тој имаше одлична сезона со Челси. Кога Азар пристигна во Мадрид, тој одеднаш изгледаше постаро. Не сметам дека стилот на игра е проблем кај овој играч, ниту менталитетот, би рекол дека е физички. Тој ја плати цената за некои физички проблеми што не му дозволија да се врати, значеше дека не е на најдоброто ниво.

-Една од моите максими како тренер е да ставам играчи на теренот со минимални или без никакви изговори, и мислам дека Азар никогаш не бил таков. Секогаш постоеше некаков изговор: тој е на 60 проценти, тимот не е добар…. „Не е виновен Зидан, играчот зависи од самиот себе за да се соочи со овој голем предизвик и да ја сврти ситуацијата, -порача Појет за Марка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни