Италија
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)

Интер вечерва има можност да се избори за уште еден престижен трофеј во својата клупска историја, а противник ќе му биде англискиот првак Манчестер Сити.
Италијанскиот состав во добра форма ја заврши сезоната во Серија А, истовремено триумфирајќи и во финалето на Копа Италија, а во Истанбул ќе се обиде да ја збогати својата богата колекција трофеи.
Сепак, пристигнувањето во турската метропола по лошо ќе го памети холандскиот интернационалец Дензел Дамфрис, кој успеа да падне симнувајќи се од автобусот кој ги префрлил играчите на Интер до предвидениот хотел каде екипата престојува деновиве.
Видеото со инцидентот на Дамфрис очекувано стана вирално, а фановите на Интер можат да го проследат со насмевка, бидејќи фудбалерот сепак мина неповреден во оваа ситуација.
Denzel Dumfries est tombé à la sortie du bus devant l’hôtel 😂
🎥 @FcInterNewsit pic.twitter.com/2BJQ1cHXWJ
— Inter FR (@InterMilanFRA) June 8, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)