Поврзете се со нас

Франција

Погба заврши на суд поради „случајот изнуда“, ќе му се суди на неговиот брат

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Пол Погба доживеа низа непријатни моменти на професионален и приватен план во 2022-ра и 2023-та година, а во период кога е фудбалски неактивен поради жестоката казна која му ја изрече допинг агенцијата, Французинот повторно стана актуелен поради „случајот изнуда“.

Француските медиуми денеска информираат дека Матијас Погба и уште петмина други ќе зваршат на суд поради обид да изнудат пари од големата фудбалска ѕвезда, откако обвинителството проценило дека има доволно докази за да се изведе случајот пред судија.

Обидот за изнуда на милионска сума на пари се случувал во период од март до јули 2022-ра година, а во тој период Пол еднаш беше и киднапиран и му беше вперен пиштол во чело.

Самиот фудбалер се исповеда за овој непријатен момент и откри дека негови блиски пријатели учествувале со организираната банда која сакала да ги собере неговите пари, или поточно 13 милиони евра.

Погба откри дека двајца негови пријатели се обидувале да му изнудат пари заедно со уште неколкумина маскирани лица, за потоа да се откри дека дел од целата организација бил и неговиот брат Матијас Погба.

Пол во моментов ја издржува четиригодишната забрана за играње фудбал поради допинг, но во меѓувреме ќе мора да се појави во Париз за да сведочи и за „случајот изнуда“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни