Поврзете се со нас

Англија

Погба со прва реакција за срамот: Нема време да се жалиме себеси…… (Фото)

Објавено

на

Пол Погба имаше очајнички настап во големото дерби против Ливерпул кое вчера се одигра на „Олд Трафорд“, од едноставна причина што големата француска ѕвезда се задржа едвај 15 минути на теренот.

Погба беше внесен во игра на стартот на вториот дел по ужасните први 45 минути во кои Јунајтед прими четири гола од Ливерпул, но наместо да го освежи својот тим, Французинот кумуваше за петтиот гол на гостите, а потоа заработи црвен картон и ги остави своите ранети соиграчи на цедило.

Играчот за врска заработи директно исклучување поради стартот со кој го повреди Наби Кеита, потег за кој доби жестока осуда и критика од страна на Пол Сколс.

Легендата на Јунајтед смета дека тимот нема да има никаков проблем доколку Погба веќе никогаш не заигра за Јунајтед, па со оглед на бурните критики кои пристигнаа на негова сметка, фановите со големо нетрпение ја чекаа првата реакција на Французинот.

– Нема време да се жалиме самите себеси…. Да се разбудиме, да истапиме и да ги направиме следните денови подобри!, – порача Погба во краткото обраќање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни