Поврзете се со нас

Англија

Погба со одличен погодок од слободен удар ја круниса победата на Јунајтед (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија уште една битка со Брајтон, а со тоа си овозможија место во четвртфиналето во Лига Купот.

Минатиов викенд Јунајтед се мачеше против Брајтон и со многу среќа дојде до трите бода во Премиер лигата (3-2), но вечерва избраниците на Оле Гунар Солскјер беа посигурни и со 3-0 дојдоа до пласман во следната фаза.

„Црвените ѓаволи“ го отворија резултатот во 44 минута преку Мектоминеј кој погоди по додавањето на Мата. Токму искусниот Шпанец во 73 зголеми на на 2-0 за да точка стави Погба со одличног погодок од слободен удар во 80 минута, ситуација во која имаше помош и од живиот ѕид.

Евертон во истиот термин го надигра Вест Хем со 4-1 и ја продолжи одличната серија на резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни