Поврзете се со нас

Англија

Погба со искрен заклучок по четирите примени гола на „Кинг Пауер“ (Видео)

Објавено

на

Покрај менаџерот Оле Гунар Солскјер, Пол Погба беше играчот на Јунајтед кој прв даде изјава по крајот на рекордната серија која ја имаше Манчестер на гостувањата, бидејќи по 29 натпревари на страна, „ѓаволите“ денеска загубија од Лестер на „Кинг Пауер“.

Во еден фантастичен меч со трилер завршницата и шест постигнати гола, Лестер на крајот победи со 4:2 и ја прекина неверојатната серија на Јунајтед, за која Погба смета дека сосема заслужено е ставен крај со оглед на тоа што тој и неговите соиграчи не заслужиле да победат против „лисиците“.

Французинот беше максимално искрен во првата изјава која ја даде на теренот и порача дека посебно загрижувачки е што Јунајтед не може да го реши и да го пронајде проблемот кој трае веќе со месеци.

– Да бидам искрен, имавме многу вакви натпревари подолго време и не го пронајдовме проблемот. Мора да го најдеме проблемот и да го решиме.

– Примаме лесни голови, глупави голови. На вакви терени, знаеме дека фановите ќе притискаат и ќе прават дополнителен притисок. Мора да бидеме позрели и да играме со поголемо искуство, но и со ароганција на позитивен начин. Мора да ја земеме топката и да го играме нашиот фудбал. Мора да го пронајдеме клучот за оваа промена. Денеска заслуживме да загубиме, – заклучи искрениот Погба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни