Поврзете се со нас

Свет

Погба со интересна гестикулација кога беше запрашан за евентуален трансфер во ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Доста интересно видено на кое се наоѓаат фудбалерите на француската репрезентација, Пол Погба, Кингсли Коман и Пернсел Кимпембе кружи на социјалните мрежи.

Коман и Кимпембе даваат изјава за медиумите, а во еден момент во кадарот се појавува и Погба кој брзо беше „земен под нозе“ од страна на соиграчите.

Погба кој повторно се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед беше запрашан од Коман и Кимпембе дали би направил трансфер во ПСЖ, а реакцијата на фудбалерот од средниот ред беше урнебесна.

Кога Погба се појави во кадарот, Кимпембе му се обрати: – Зборуваме за Париз, – а на тоа Коман возврати: -Да, а ти си парижанец, нели?.

На ваквото прашање Погба даде потврден одговор, а Коман го пецна со зборовите: -Насер, некој контакт со него?, -алудирајќи на претседателот на ПСЖ. Кимпембе потоа го потсети Погба дека трансфер периодот е во тек, а Коман повторно го праша дали има преговори со Ал Келаифи.

На ваквите прашања Погба одговори со „Не“ и брзо избега од просторијата во која беше со двајцата соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни