Погба се повреди, Мурињо го отпиша за дуелот против Евертон

Pogba-povreda

Манчестер Јунајтед ја оствари првата победа во групната фаза на Лигата на шампионите, но средбата против Базел принудно мораше да ја напушти Пол Погба.

Французинот одигра само 18 минути на „Олд Трафорд“ пред да биде заменет поради повреда на тетивата, а тој самиот не го криеше разочарувањето при напуштањето на теренот. Тоа беше уште поголемо ако се знае дека не успеа да го комплетира натпреварот на кој првпат ја носеше капитенската лента на Јунајтед.

Дополнително ќе биде познат карактерот на повредата која ги загрижи фановите на домашниот тим, а на прес-конференцијата по натпреварот, Жозе Мурињо најавил дека Погба сигурно ќе го пропушти гостувањето кај Евертон.

Неговата замена Маруан Фелаини подоцна го отвори резултатот, а Јунајтед на крајот славеше со 3:0.

Facebook Коментари