Поврзете се со нас

Италија

Погба се огласи по казната: Шокиран сум, се што градев во кариерата…

Објавено

на

Пол Погба веќе некое време не е во фокусот на фудбалската јавност поради позитивни причини, односно може слободно да се каже дека исчезна од картата по кам-бекот во Јувентус.

Тој имаше проблеми со повредите, играше многу малку за да пред неколку месеци стигне информација дека тој паднал на допинг тест по средбата со Удинезе одиграна на 20 август 2023 година. Од тука започна нови проблеми за Французинот за кого денеска беше потврдено дека е суспендиран четири години што може да значи дека ова е и крај на неговата кариера со оглед на тоа што за брзо време ќе го прослави 31 роденден.

Погба реши да се огласи на социјалните мрежи каде пораче дека ќе ја продолжи борбата и ќе се жали до Судот за спортска арбитража.

-Денеска бев информиран за одлуката на Националниот антидопинг трибунал и верувам дека пресудата е погрешка. Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено сето она што го изградив во текот на мојата професионална кариера. Кога ќе се ослободам од законските ограничувања, целата приказна ќе стане кристално јасна, но никогаш свесно или намерно не сум земал никакви додатоци и не сум ги прекршил прописите за антидопинг.

-Како професионален спортист никогаш не би направил ништо за да ги подобрам своите перформанси со користење на забранети супстанци и никогаш не сум ги омаловажувал или сум се обидел да измамам спортисти или навивачи на кој било тим за или против кој сум играл. Како последица на денешната одлука ќе се жалам до Судот за спортска арбитража, -порача Погба.

Официјално: Спортскиот суд му изрече драконска казна на Погба поради допинг!

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни