Погба се огласи на Твитер по отказот на Мурињо, па веднаш ја избриша пораката (Фото)

jose-pogba

Повеќе од јасно беше дека односот помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба не беше на потребното ниво и од ден на ден во јавноста можевме да прочитаме различни статии поврзани со нивното несогласување.

Сега, кога Мурињо доби отказ од Манчестер Јунајтед, Пол Погба би требало да добие втора шанса за да ја „оживее“ фудбалската кариера во клубот.

Францускиот ас не чекаше многу, и по официјалното потврдување на отказот на Мурињо на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија на која цинично се смее и под која стави наслов: -Именувај го ова…алудирајќи на неговата насмевка.

Веднаш потоа Погба ја избриша оваа фотографија, но на крај истата излезе во јавноста.

Facebook Коментари