Англија
Погба се обидува да ги освои симпатиите на навивачите: Не сум важен јас…

Францускиот фудбалер од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба повторно беше човек на одлука, овојпат постигнувајќи го победничкиот погодок против Фулам.
Погба со удар од дистанца го совлада одличниот Алфонс Ареола и му донесе три бода на својот клуб со кои Манчестер Јунајтед остана на врвот на табелата во премиер лигата.
По натпреварот Погба беше запрашан дали ова е најдоброто негово издание, на што тој даде доста смирен и сталожен одговор со кој се обиде повторно да ги придобие симпатиите на навивачите на клубот.
– Најдобро од тимот би рекол, не сум важен јас и не се работи за мене. Ова е голема победа затоа што натпреварот беше тежок. Знаевме дека нема да биде лесно, притискаат многу добро, а назад се компактни. Мораше да се вратиме, успеавме и на крај победивме.
– Добро ја удрив топката, не очекував дека ќе биде толку добро со левата нога, но ако не се обидете нема ни да постигнете гол. Тоа беше прекрасен гол и прекрасна победа, -изјави Погба.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал