Поврзете се со нас

Англија

Погба откри дека коронавирусот оставил сериозни последици врз него: Нема да ме разберете, но…

Објавено

на

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба повторно го доби вниманието на јавноста откако беше еден од клучните играчи на „ѓаволите“ во пресврт победата против Вест Хем.

Французинот го постигна израмнувачиот погодок во победата од 3:1 која Манчестер Јунајтед ја оствари на тешкото гостување во Лондон, па потоа одговараше на разни новинарски прашања.

Погба не игра во најдобра форма во Манчестер Јунајтед, а сега за прв пат проговори какви последици оставил коронавирусот на него. Играчот од средниот ред беше позитивен на Ковид-19 уште во август, но тој истакна дека последиците од заразата ги чувствува дури и денес.

– Навистина е чудно, тешко е да се објасни затоа што нема да ме разберете. Дури и на тренинзите, му кажував на фитнес тренерот дека се чувствувам чудно, дека тоа не сум јас. Се уморував многу брзо и останував без здив многу брзо.

– На првиот сезонски натпревар не можев да трчам, се трудев но не можев. Зборував и со менаџерот, му кажав дека ќе го започнам натпреварот и ќе видиме што ќе биде. Но, набргу останав без здив и ми требаше долго време да се вратам во форма и да бидам физички добар.

– Сега е добро што се вратив во тимот и што постигнав гол со кој му помогнав на тимот да се врати назад во игра, ова е многу важно за тимот и јас сум среќен за тоа. Конечно го пронаоѓам својот ритам, се чувствувам многу подобро и чувствувам дека можам повторно да ја контролирам играта. Тоа е тоа што го сакам, -изјави Погба по натпреварот со Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни