Свет
Погба откако неговиот брат доби затворска казна: Конечно можам да свртам нов лист
Пол Погба ги мина најтешките денови во животот во изминатите две години, не само поради суспензијата која ја заработи од ФИФА, туку и поради животната драма која му ја режираа блиски пријатели и неговиот брат Матијас.
Славниот фудбалер беше жртва на изнуда во вредност од 13 милиони евра и целиот случај заврши на суд, па откако затворска казна му беше одредена и на неговиот брат, сега Пол почувствува потреба да излезе со соопштение во јавноста.
Оваа немила епизода остави црна дамка за целото негово семејство, со тоа што Матијас Погба беше и малку поштеден од судијата, бидејќи доби двегодишна условна казна, како и дополнителна казна од една година во која ќе мора да се движи на слобода со електронска лента на себе.
– Не постои победник во овој случај во кој беа вклучени членови од моето семејство и луѓе кои ги познавам од детството.
– Конечно можам да свртам страна и да го оставам зад себе овој екстремно тежок период. Овој заклучок од судијата е можност за сите да се фокусираат на иднината. Откако пресудата беше донесена, јас целосно можам да се концентрирам кон враќање на професионалниот фудбал, – порача Погба.
-
Светски првенства23 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства22 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија22 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија24 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Светски првенства10 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Свет23 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Шпанија24 часа
Ѕвездата покажа класа: Дресот на Мбапе заврши кај младо детенце од Гостивар (Видео)
-
Шпанија22 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал