Погба обелодени што прво му оставило впечаток кога првпат го видел Меси (Видео)

mesi-pol

Пол Погба без никаков проблем призна дека Нејмар е играчот со кого во иднина би сакал да ја дели соблекувалната, а покрај изјавата која ја даде за бразилската ѕвезда, во интервју за „Тик Спортс“ даде навистина интересен коментар и за Лионел Меси.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед даде навистина необичен коментар за најдобриот фудбалер на Барселона, а притоа откри дека првпат кога го запознал, најголем впечаток му оставил неговиот низок раст.

– Кога првпат го видов мислам дека бевме во Дубаи, или пак во финалето во Лигата на шампионите. Беше многу малечок кога го видов, тоа ми беше првиот впечаток. Знаев дека е мал, но кога го видов навистина се изненадив. Меси и фудбалот се две работи кои одат една со друга. Многу го ценам, тој прави работи кои никој не може да ги направи. Има специфичен раст кој го нема никој, а тоа го прави специјален. Тој го чувствува фудбалот, го има фудбалот во себе, – порачува Погба кој не крие колку е воодушевен од Аргентинецот.

Facebook Коментари