Поврзете се со нас

Италија

Погба нема многу избор, во финални преговори за премин во добро позната средина

Објавено

на

Пол Погба нема многу избор за продолжување на својата кариера откако клубовите заинтересирани за него не планираат да издвојуваат баснословни суми за неговата плата.

Од Реал Мадрид веќе се откажале од намерата да го ангажираат францускиот репрезентативец и во следниот период ќе работат на трансферот на Орелиен Чуамени.

ПСЖ стагнира со преговорите за играчот кој во моментов е најблиску до враќање во редовите на Јувентус.

Според дел од италијанските медиуми, Јувентус веќе е во напредни преговори со претставниците на Погба и во најскоро време ќе ја достави и официјалната понуда за соработка до играчот.

Клубот од Торино подготвил понуда според која Погба ќе заработува по 8 милиони евра годишно, нешто што е двојно помалку од тоа што играчот го заработуваше додека го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни