Поврзете се со нас

Англија

Погба не сака да го продолжи договорот со Јунајтед, еден тим веќе имал првични контакти со Раиола

Објавено

на

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ја одбил последната понуда од клубот за продолжување на соработката за уште неколку сезони.

Актуелниот договор на Погба со Манчестер Јунајтед завршува во 2022 година, па од клубот сакале да му го продолжат истиот со што би го оставиле во тимот уште неколку сезони.

Сепак, играчот одбил да ја продолжи соработката, па Манчестер Јунајтед наводно бил подготвен да ги слуша понудите за неговото заминување, но немало да го пушти за сума помала од 80 милиони евра.

Според „RMC Sport“, тимот на ПСЖ веќе пројавил интерес и веќе започнал иницијални преговори со Мино Раиола. Францускиот медиум јавува дека контроверзниот агент се сретна со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и на оваа средба освен преговори за клиентите на Раиола кои се во ПСЖ станало збор и за Погба кој би можел за прв пат во сениорската кариера да заигра во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни