Погба мораше да се врати во Манчестер со авионот на фановите поради една причина (Фото)

pogba

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба го пропуштил летот за Манчестер заедно со своите соиграчи, па морал да се враќа со авионот кој ги носел фановите на Манчестер Јунајтед, како и членовите на управата на клубот.

Погба го пропуштил летот со фудбалерите затоа што бил задржан на допинг контрола и во Манчестер пристигнал нешто повеќе од еден час по експедицијата сочинета од фудбалерите.

Постои правило според кое по секој натпревар одредени фудбалери од двата тима се испраќаат на допинг тестирања, па бидејќи летот на играчите веќе бил закажан, а допинг тестот се пролонгирал, морало да се најде друго несекојдневно решение.pogba

Facebook Коментари