Поврзете се со нас

Италија

Погба конечно дочека старт за Јувентус, но го напушти теренот со солзи во очите после само 20 минути (Видео)

Објавено

на

Пол Погба конечно го дочека својот прв старт по враќањето во Јувентус, но по само 20-тина минути игра, францускиот играч за врска го напушти теренот со солзи во очите.

По една акција која самиот тој ја заврши со центаршут, стана јасно дека нешто не е во ред со Французинот, па откако и самиот сфати дека следи нова пауза за него, го совладаа емоциите.

Французинот доби поддршка од соиграчите и физиотерапевтите, но со солзи во очите го напушти теренот и најверојатно става крај на една сезона за заборав.

Погба последен пат стартуваше на официјален меч во април минатата година, но првиот старт после точно 390 дена не мина добро и со ова само го продолжи малерот кој го следи.

На негово место, шанса против Кремонезе доби Милик и Јувентус ќе брка победа во второто полувреме, бидејќи првото заврши 0:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни