Поврзете се со нас

Англија

Погба: Како нешто да ни недостасува, мора да освоиме трофеј

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е клуб со голема традиција со многу трофеи и успеси, но откако легендарниот сер Алекс Фергусон си замина премиерлигашот има доста проблеми да се врати на победнички патеки, да освојува трофеи од сезона во сезона.

„Црвените ѓаволи“ последниот пехар го освоија во 2017 година, а тоа Пол Погба сака да се промени, поточно тој и соиграчите да донесат титула на „Олд Трафорд“.

-Како нешто да ни недостасува, мора нешто да освоиме. Јас сум лош губитник, отсекогаш сум бил. Када и да играм, сакам да победувам. Мислам дека сме се поблиску до трофејот, напредокот е очигледен. Клубот има големи амбиции и цели, ние сакаме да ги оствариме што значи дека сакаме трофеј.

-Сè уште имаме шанси во Лигата на Европа, имаме за што да се бориме. И во лигата. Се додека не го предадат трофејот на Сити, ние ќе продолжиме да работиме. Оваа година сè уште имаме шанса да освоиме нешто, зошто да не, -истакна Погба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни