Поврзете се со нас

Англија

Погба ја крена формата и ја врати самодовербата, па пред средбата со Ливерпул порача: Сега е моментот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера на „Турф Мур“ забележа тешка но многу важна победа која ги вивна на врвот на табелата во Премиер лигата.

Единствениот погодок на оваа средба беше дело на Пол Погба кој со одличен удар го матираше Ник Поуп и донесе голема радост во таборот на „ѓаволите“.

Сега, Манчестер Јунајтед како лидер ќе се соочи со тимот на Ливерпул на гостувањето на „Енфилд“ следниот викенд, а од клубот најавуваат дека мора да останат смирени пред оваа средба.

Пол Погба кој беше херојот од вчерашниот натпревар истакна дека сега е вистинскиот момент да се види до каде е овој тим предовден од Оле Гунар Солскјер.

– Знаевме дека ако победиме ќе бидеме на врвот на табелата кога ќе играме против Ливерпул. Сега мора да останеме смирени, сега е голем момент за нас. Ќе видиме што ќе се случи на „Енфилд“.

– Тоа ќе биде тежок натпревар за двата тима. Ни следи премногу важна средба и мора да бидеме подготвени за неа, -изјави Погба по натпреварот со Барнли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни