Поврзете се со нас

Англија

Погба изненади со своето најслабо оружје, Јунајтед мина триумфално во Лондон (Видео)

Објавено

на

Пол Погба во секој случај ја подигна формата и стана важен фактор во играта на Манчестер Јунајтед во последно време, па изгледа дека довербата која ја добива од Оле Гунар Солскјер, планира да ја возврати на најдобар и најпродуктивен можен начин.

По само два часа на врвот во Премиер лигата, Манчестер Сити одново ќе мора да му гледа во грбот на својот градски ривал, кој вечерва славеше на незгодното гостување во Лондон кај екипата на Фулам.

Тимот од „Олд Трафорд“ мораше добро да се намачи и да се потруди за да ги осови трите бода, а на крајот клучната разлика ја направи францускиот репрезентативец кој продолжи со своите добри изданија во последните 30-тина дена.

Фулам поведе со голот на Лукмон во 5-та минута и ги направи работите за гостите доста потешки, но како и многупати досега оваа сезона, Јунајтед направи пресврт на едно гостување и се задржа до рецептот кој донесе толку многу бодови.

Единсон Кавани брзо израмни на 1:1 по една лошо одбиена топка на Ареола, но во моментите кога Фулам беше крајно рамноправен на теренот, Пол Погба направи одлучувачка разлика, користејќи го своето најслабо оружје.

Погба испрати изненадувачка „бомба“ со својата лева нога и очигледно ги изненади сите на теренот, вклучувајќи го и голманот Ареола кој не успеа да реагира на време. Ова се случи во 65-та минута, а пред самиот крај, односно во 93-та минута, Јунајтед имаше голема среќа бидејќи Баји за малку ќе си дадеше автогол по еден удар со глава на Митровиќ.

Најдобар вест за Солскјер вечерва беше тоа што Јунајтед на потешкиот начин дојде до трите бода, со кои одново се враќа на врвот на табелата со два бода повеќе од Сити и Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни