Поврзете се со нас

Италија

Погба: Има само една разлика меѓу Премиер лигата и Серија А

Објавено

на

Пол Погба е свесен дека неговиот втор период во Манчестер Јунајтед не беше ниту одблиску добар како што се очекуваше, но затоа искрено се надева деака втората етапа во Јувентус ќе биде барем приближно добра како првата.

Во ексклузивното интервју за „Џи-Кју“ магазинот, Погба говореше и за второто искуство кое ќе го има во Италија, при што направи и споредба меѓу Премиер лигата и Серија А.

– Јувентус е специјален клуб за мене, дресот на Јуве е специјален, го вади најдоброто од мене. Никогаш не го заборавив овој тим и кога бев во Манчестер.

– Серија А и натаму останува една од најтешките лиги во светот. Единствената разлика меѓу Премиер лигата и Серија А е во моќта на парите, економската моќ на клубовите. Но, фудбалски гледано, Италија останува на врвот во светот во секоја гледна точка.

– Искрено, нема разлика меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед. Топ клуб си е топ клуб. Јувентус отсекогаш бил најдобар во Италија, а сега има и многу подобри услови за тренирање од порано. Клубот постојано напредува и тоа нема да се промени, – потенцира Погба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни