Погба го прозва Ибра: Не си единствениот кој може да го направи ова (Видео)

pogba-zlatko

Златан Ибрахимовиќ ја зачуди американската спортка јавност со својата акробатска минијатура која ја изведе на последниот натпревар на ЛА Галакси, а покрај воодушевувањето кое го предизвика кај американските фанови, шведскиот напаѓач со својот потег очигледно го инспирираше и својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Големата ѕвезда на Јунајтед го искористи својот официјален Инстаграм профил за да му докаже на Ибра дека тој не е единствениот кој може да изведува кунг-фу потези на фудбалскиот терен, па со видеото кое го објави му испрати јасна порака на Швеѓанецот.

– Златан, не си единствениот кој може да ја крене ногата толку високо….

Facebook Коментари