Поврзете се со нас

Италија

Погба го прекина молкот откако Јувентус му го раскина договорот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Пол Погба јасно изрази желба да остане во Јувентус и да добие шанса во тимот на Тиаго Мота, особено откако неговата казна беше драстично намалена и се отвори опција да почне да игра фудбал веќе во месец март.

Францускиот супер-стар со низа интервјуа ја нагласи љубовта која ја чувствува кон клубот од Торино, но Јувентус уште во прв момент даде сигнали дека не е на иста бранова должина со играчот за врска, потенцирајќи дека Погба за жал не е дел од долгорочниот проект на клубот.

Ваквите најави денеска беа заокружени со отказно соопштение, во кое иако се вели дека е потпишано по взаемен договор, јасно е дека Јувентус е оној кој ја прекинува соработката со суспендираниот фудбалер.

„Старата дама“ се прости од Погба со само две реченици, а тоа го натера Погба да го прекине молкот и да им се обрати на фановите.

– Јувентус како клуб и Поп Погба како поединец ја информираат јавноста дека е постигнат взаемен договор за предвремен прекин на договорот. Клубот му посакува се најдобо на Пол во натамушната професионална кариера, – гласи објавата на клубот, по која Погба се јави на социјалните мрежи.

– Има моменти кога работите не одат онака како што би сакале, но едно е сигурно: Врската што ја имам со вас, драги фанови, ќе остане незаборавна. Вие ми дадовте толку многу, повеќе отколку што можам да искажам со зборови. Секогаш ќе ја носам со себе сета наклонетост што ми ја дадовте. Засекогаш ќе бидете во моето срце. Со среќа Јувентус, – гласи пораката на Погба.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни