Погба експресно му смисли прекар на Мегваер по сензационалното деби на „Олд Трафорд“

pogba-megvaer

Хари Мегваер имаше блескаво деби на „Олд Трафорд“ и експресно се наметна во стартната постава на Оле Гунар Солскјер по комплетирањето на фасцинантниот трансфер вреден 80 милиони фунти, а со оглед на изданието кое го имаше, голема е веројатноста дека фановите брзо ќе заборават на парите кои беа потрошени за негова аквизиција.

Мегваер изгледаше максимално сигурно во секој дефанзивен елемент, а импресиониран од неговата партија остана и Пол Погба кој не го криеше воодушевувањето. Французинот одби да даде конкретен одговор за тоа дали ќе остане во Јунајтед до крајот на летниот преоден рок, но затоа за француските медиуми го испофали најскапото засилување кое го изрежира клубот овој трансфер период.

– Го нареков „ѕвер“. Искрено, сите сме презадоволни од неговата адаптација. Веднаш се прилагоди на тренинзите. Зборувавме за тоа како треба да се контролира одбраната, а позитивно е што веднаш има добро разбирање со Виктор Линделоф. Стартот беше фантастичен за него, но мечот беше добар и за целиот тим, – потенцира Погба.

Facebook Коментари