Поврзете се со нас

Велосипедизам

Погачар ја одбрани титулата на Тур де Франс, Словенците приредија фантастична сцена пред Елисејските полиња (Видео)

Објавено

на

Вут Ван Аерт победи на последната 21-ва етапа на 108-то издание на Тур Де Франс, кое сепак посебно ќе се памети по извонредното и доминантно возење на спектакуларниот Тадеј Погачар.

Традиционално, секое издание на најпрестижната велосипедска трка завршува на Елисејските полиња, па така на финишот најсреќен пристигна Словенецот кој успеа да ја одбрани титулата која ја освои и минатата година.

Победата на Погачар беше позната уште вчера, но денеска само официјално ја завери и комплетната трка која траеше 21 етапа ја заврши за време од 82 часа, 56 минути и 36 секунди. Втор во генералниот пласман беше Данецот Јонас Виндергорд со заостанување од повеќе од пет минути, додека пиедесталот го комплетираше Ричард Карапаз од Еквадор.

Од последната етапа, за издвојување е и симпатичната сцена која ја понудија словенечките велосипедисти предводени од победникот Погачар, бидејќи заеднички не заборавија да го поздрават својот сонародник кој поради тежок пад ја заврши годинешната трка уште во воведот.

Примож Роглич минатата година на драматичен начин ја загуби победата на Тур Де Франс, но денеска беше поздравен од своите сонародници кои го носеа неговиот број на завршната етапа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни