Поврзете се со нас

Италија

Подзаборавениот играч на Милан се расплака по победата: До вчера никој не ме сакаше, а сега…. (Видео)

Објавено

на

Милан успеа да ја победи Верона со 3:2 со фантастичен пресврт во второто полувреме, епилог за кој огромен придонес имаше подзаборавениот играч од првиот тим кој изминатава вечер конечно дочека шанса.

Кризата со многу повредени играчи во првиот тим го натера Стефано Пиоли да го стави Саму Кастилјехо во игра на стартот на вториот дел, што на крајот се покажа како супер одлука.

Кастилјехо го замени Салемакерс и беше човекот кој нафрли во моментите кога Гингер си постигна смешен автогол за 3:2, а бидејќи се покажа како многу важен за пресвртот, своите први 45 минути во сезоната ги прослави со солзи во очите.

Шпанското крило се расплака по последниот судиски свиреж и беше тешен од соиграчите и тренерот Пиоли, што секако беше експресија за лошиот период кој го минува на професионален и личен план.

– Моите солзи кажуваат се за периодот низ кој минував и низ кој се уште минувам. Јас сум човек кој се обидува да го даде најдоброто на теренот, давам се од себе за тимот. До вчера се чувствував како никој да не ме сака тука, а сега славев со фановите во нашиот дом, на „Сан Сиро“. Многу ми беше тешко, семејството е далеку од мене и многу ми недостасува. Судбината посака да останам во Милан, а вечерва дознав зошто е тоа така. Му помогнав на тимот кога требаше и тоа ме прави среќен, – изјави Кастилјехо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни