Поврзете се со нас

Шпанија

Подзаборавениот Гринвуд постигна страшен гол за Хетафе (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/GetafeCF

Мејсон Гринвуд се обидува да се врати на вистинскиот пат кога е во прашање фудбалот, па така оваа сезона ја минува во шпанскиот прволигаш Хетафе што дефинитивно е идеална средина за него по се што мина во изминаитве години.

Гринвуд веќе покажува знаци на будење, па така денеска беше автор на еден фантастичен гол во дуелот со Алмерија. Тој испрати неодбранлив проектил за 1-1 во 33 минута со што го најави пресвртот со оглед на тоа што Мајорал во 45 стрелаше за 2-1 што на крајот се покажа како конечен резултат.

Инаку Англичанецот има 2 гола и 3 асистенции во Примера и 2 погодоци на еден натпревар во Копа Дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни