Франција
Подзаборавениот Бен Арфа се договори со францускиот шампион

Подзаборавениот француски интернацоналец, Хатем Бен Арфа договори нов ангажман и во наредниве месеци ќе биде дел од екипата на Лил.
Бен Арфа кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти на францускиот фудбал го прифати повикот од Лил и ќе настапува за овој тим најмалку до крајот на актуелнава сезона.
-Многу сум среќен што му се приклучувам на Лил. Тоа е тим кој покажа многу многу добри работи оваа сезона, а секако и лани со титула шампион на Франција. Среќен сум што потпишав во овој клуб кој продолжува да расте. Неколку пати во кариерата сум се соочил со овој клуб, на различни стадиони и ќе ми биде големо задоволство да го носам дресот на Лил на „Стад Пјер Моруа“.
-Знам дека тука поминаа многу големи играчи. За мене е чест што можам да го прифатам овој предизвик со желба пред се да и помогнам на групата и на клубот да ги постигнат своите цели. Се чувствувам многу добро и едвај чекам да се вратам на натпреварувањето, -истакна Хатем кој ќе го носи дресот со број 11.
Офанзивецот во досегашната кариера има настапува за Лион, Марсеј, Њукасл, Хал, Ница, ПСЖ, Рен, Валјадолид и Бордо.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 16 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 5 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)