Подзаборавениот Афелај се врати на фудбалските терени

afelaj

ПСВ вчера оствари убедлива победа во холандското првенство, но она по што ќе биде запаметен овој дуел е и враќањето на терените на Ибрахим Афелај.

Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер кој со својот потенцијал си обезбеди и трансфер во Барселона, нема одигра професионален натпревар веќе две години, а негов последен клуб беше Стоук.

Афелај последниот дуел го одигра во дресот на Стоук, а по рехабилитацијата од повредата, тренираше со ПСВ, клуб со кој потпиша и професионален договор.

– Ова е мое второ раѓање, навистина сум благодарен за шансата и среќен поради приемот од навивачите, – изјавил Афелај кој влегол во игра во 82. минута на средбата.

Facebook Коментари