Италија
Подзаборавен играч ќе биде најголем победник од доаѓањето на Раниери во Рома
Клаудио Раниери се враќа од пензија само за да и помогне на Рома, клуб кој го има водено во минатото, клуб кој е во неговото срце, но и клуб кој има лоши резултати во тековната сезона во која смени двајца тренери Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ.
Раниери ќе треба да ја стабилизира ситуацијата, да донесе нова енергија почнувајќи од дуелот со Наполи на „Диего Армандо Марадона“ закажан за 24 ноември.
Медиумите на Апенините веќе излегуваат со информации за тоа како би можела да изгледа „волчицата“ на тоа соочување, две формации и тоа 4-4-2 и 3-5-2. Најголем новитет треба да биде Матс Хумелс, искусниот дефанзивец кој беше заброавен од Јуриќ и не искористен дури и кога Еван Н’Дика беше недостапен.
Тоа ќе се промени и Германецот кој има одиграно само 23 минути по доаѓањето во Рим ќе биде стартер без разлика дали Рома ќе игра со тројца или четврорица играчи во последната линија.
Стратегот за брзо време ќе го има на располагање и Алексис Салемакерс, додека пак Пелегрини може да игра како лево крило или централен играч за врска секако во зависност од формацијата која ќе ја примени новиот стратег на „волчицата“.
-
Шпанија10 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Англија22 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Свет9 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Англија10 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Шпанија22 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија19 часа
Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите
-
Англија21 час
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер