Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Подвижниот екран го стресе Карагер, Анри се згази од смеење (Видео)

Објавено

на

Триото Тјери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс е задолжено за најпопуларното шоу во Лигата на шампионите во вторник и среда, а од вчерашниот натпреварувачки ден во Европа, од студиото на „Си-Би-Ес“ ни пристигнува уште еден урнебесен момент.

Легендарните фудбалери своите излагања ги завршуваат и со видео анализи за потезите на одредени фудбалери на теренот, но модерниот и подвижен екран овојпат му направи проблем на Карагер.

Поранешниот стопер на Ливерпул се сецна и во даден момент мислеше дека екранот ќе падне врз него, а со својата панична реакција го изнасмеа Тјери Анри.

Французинот слатко се изнасмеа на реакцијата на Карагер и едвај успеа да се прибере, па во тој момент во втор план падна и анализата која ја имаше подготвено Карагер, кој во продолжение побара од Тити да си ги променат местата.

Покрај комичните моменти кои ги нудат секој натпреварувачки ден во Лигата на шампионите, триото предводено од презентерката Кејт Абдо секогаш воодушевува и со извонредни толкувања, па неслучајно актерите од теренот најчесто го бираат „Си-Би-Ес“ како идален медиум за искажување на првите импресии по натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни