Поврзете се со нас

Свет

Подолски: Го бирам Артета пред Инѕаги, но Интер поседува нешто што го нема Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/GornikZabrzeSSA

Лукас Подолски се пензионираше од професионалниот фудбал пред неколку недели, а сега како голем и страствен фудбалски фан ќе може мирно да ги гледа возбудувањата на најголемата сцена.

Поранешниот германски репрезентативец посебно се прослави како член на Баерн Минхен, но потоа во кариерата ги бранеше и боите на големи тимови како Арсенал и Интер.

Токму „топчииите“ и „нераѕурите“ утревечер ќе ги одмерат силите во Лигата на шампиони, па Подолски дефинитивно е човек кој заслужува да направи најава на едно вакво дерби.

– Јас сум повеќе приврзан за фудбалскиот стил кој го негува Артета. Тој беше опседнат со фудбал уште како играч и беше јасно дека ќе стане тренер. Постојано зборуваше за тактиката. Додека ние сакавме да одмориме во соблекувалната, тој постојано зборуваше. Не сум изненаден што Арсенал игра атрактивен фудбал.

– Артета или Инѕаги? Тешко е да се направи избор. Филозофијата на Симоне сите ја знаат, но ако треба да бирам, го бирам стилот на Артета. Уживам да гледам како игра Арсенал под негово водство. Се надевам дека утре ќе гледаме одличен меч, – вели Подолски во интервјуто за „Газета“, во кое сепак потенцира дека Интер поседува квалитет кој го нема во Арсенал.

– Нападот на Интер е навистина многу добар. Го познавав Тирам од Германија, но сега се претвори во вистински напаѓач. Не е лесно да му се украде шоуто на Лаутаро, а Инѕаги нема проблем да ги игра двајцата. Голема предност за Интер е тоа што има два извонредни напаѓачи. Арсенал нема таков напаѓач, тие го имаат Хаверц, но тој не е вистинска „9-ка“, – потенцира Подолски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни