Поврзете се со нас

Англија

Подолга пауза за Лорис, лоши вести за Конте и Тотенхем

Објавено

на

Тотенхем ги израдува фановите со дерби победата над Манчестер Сити и добрата позиција на табелата, но денеска стигна една негативна информација од Лондон.

Првиот голман и капитен, Иго Лорис, заработил повреда на коленото и таа ќе го оддалечи од терените најмалку шест недели.

Првичната прогноза е дека Лорис ќе отсуствува меѓу шест и осум недели, што значи голем број натпревари на кој Тотенхем нема да располага со својата „единица“.

Незгодната повреда на францускиот интернационалец доаѓа во пресрет на дуелот со Лестер, односно соочувањето со Милан во Лигата на шампионите.

Тотенхем како замена за Лорис го има Фрејзер Форстер кој ќе треба да преземе одговорност во оваа ситуација.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни