Поврзете се со нас

Репрезентација

Подмладената Македонија успешно ја реши првата контрола со Чиле

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација славеше над Чиле со 25-21 во првиот од двата контролни мечеви закажани за оваа седмица во Скопје.

Иако настапивме без неколку стандардни имиња, носители на играта долги години успеавме да славиме над Чилеанците кои се подготвуваа за настап на мундијалот во Египет.

Селекторот Данило Брестовац одлучи да не смета ниту на капитенот Кире Лазаров кој целиот меч го проследи од клупата, но останатите кои добија шанса истата ја искорстија и донесоа позитивен резултат на националниот тим во првата средба во 2021 година.

Првиот дел го добивме со 15-11, предност која ја сочувавме во вторите 30 минути за конечна победа од четири разлика. Пешевски и Серафимов со по пет гола беа најефикасни ракометари во македонската репрезентација.

Втората контролка меѓу Македонија и Чиле се игра на 10 јануари исто во СЦ „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни