Подмладената Македонија славеше над Турција во првата контрола на ЕХФ неделата

peseski-spanija

Македонската ракометна репрезентација издвојуваше победа над Турција во првиот од четирите натпревари кои нашиот националец тим ќе ги одигра во оваа ЕХФ неделата.

Иако на турнирот во Турција отпатувавме без најдобрите играчи тоа беше проблем да славиме над домаќинот со 26-23. Иако селекторот Данило Брестовац не сметаше на играчи како Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски, Филип Талевски и Никола Маркоски кои се најдоа на првиот список, плус фалеа и асови како Митревски, Георгиевски, Велко Маркоски, Стоилов… тоа не се покажа како пречка за да оствариме позитивен резултат против Турците.

Првиот дел го реализиравме со 15-11, предност која не ја испуштивме во продолжението и така дојдовме до славје пред утрешниот нов тест против Италија.

Да потсетиме националниот состав потоа се враќа во Скопје каде не очекуваат два натпревари со Грузија (25, 26 октомври) во СЦ „Борис Трајковски“ на кои ќе бидеме засилени со најдобрите играчи.

Facebook Коментари