Поврзете се со нас

Репрезентација

Подмладената Македонија покажа карактер на гостувањето во Никшиќ

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Црна Гора со 31:30 во натпревар од ЕХФ Евро купот, во кој нашата селекција докрај ја одржа неизвесноста иако настапи без најдобрите ракометарки.

Селекторот Љубомир Савевски не сметаше на искусните Ристовска, Ѓорѓиевска и Саздовска за средбата одиграна во Никшиќ, па може да биде задоволен од начинот на кој подмладената екипа му се спротивстави на фаворитот.

Првото полувреме заврши со резултат 16:16, во вториот дел Црногорките стигнаа до плус шест, но Македонија не се откажуваше и таа упорност донесе 31:30 на помалку од минута до крај.

Домашната репрезентација искусно ја задржа топката до истекот на времето и не дозволи напад за израмнување, со што стигна и до втора победа во Евро куп двомечот со Македонија.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Јанкуловска со 8 голови, Миновска постигна 6, додека Радичевиќ со 9 и Брновиќ со 5 голови беа најефикасни ракометарки кај селекцијата на Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни