Италија
Подготвува терен за трансфер од Јувентус: Рабио отворено говореше за својата омилена дестинација

Адриен Рабио значително го подигна нивото на игра од стартот на сезоната и поради тоа почна да добива пофалби и во Италија, но иако изминатово лето беше многу критикуван и пред преселба од Торино, сега се претвора во непосакуван проблем за управата на клубот кој минува низ турбулентен период.
Договорот на Рабио со Јуве истекува на крајот на оваа сезона, а ако се суди според неговите изјави, тој е подготвен за нова авантура и нова лига.
Играчот за врска е сигурен стартер во тимот на Дидие Дешамп и максимално го користи тоа што во тимот нема имиња како Нголо Канте и Пол Погба, па добрите изданија ќе му донесат и многу примамливи понуди.
– Отсекогаш сум велел дека сакам да играм во Премиер лигата. Во младинските денови, имавм краток период во Манчестер Сити и тоа го доживеав многу позитивно. Ми се допаѓа атмосферата која го опкружува англискиот фудбал, многу е поинакво од Франција или Италија.
– Немам омилен тим во Англија, генерално ми се допаѓа целото првенство и навистина ме привлекува. Сметам дека моите квалитети навистина прилегаат на Премиер лигата, – порачува Рабио.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“