Поддршка за хокејот: Никола Тасев на средба со директорот на АМС

tasev-kaevski

Денес во просториите на Агенцијата за Млади и Спорт се одржа средба на директорот на АМС, Дарко Каевски и претседателот на Хокеј федерацијата на Македонија, Никола Тасев.

На средбата со првиот човек на Хокеј федерацијата на Македонија било разговарано за тековните активности и развојот на хокеј спортот во Македонија, а Каевски ветил поддршка за работата на федерацијата и нејзините идни проекти.
Тасев изразил благодарност за поддршката и дополнил дека хокеј спортот во Македонија е на добар пат да се врати на старите патеки, благодарение на посветеноста и работата на раководството на Федерацијата.

Facebook Коментари