Поддршка за Димушевски од целиот регион: Скопје повторно личеше на тркачки град!

Skopje krug 2017-4

Организаторот на трката низ улиците на Скопје, поранешниот автомобилист Александар Димушевски – Вуле, беше повреден при единственото излетување за време на натпреварот и се уште се наоѓа во болница, иако некои медиуми пренесоа дека е пуштен на домашно лекување.

Во меѓувреме, по соопштението на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) дека се оградува од организацијата на трката затоа што не била направена од нивна страна, редакцијата на „Дерби“ нотираше повеќе реакции на лица кои изразија поддршка за враќањето на трките во Македонија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денешната прес конференција по повод заминувањето на каратистите на светското првенство во Шпанија ја искористи за да му посака на Димушевски побрзо закрепнување.

– Веќе долга низа години АФМ има персонални проблеми на релација со клубовите, што резултира со неорганизирање на трки. Забрана за организација на трки во Македонија нема, а клубот „АКК Примо АВЈ“ има добиено дејност за бавење со спорт и има право да организира трки според законот, а има повеќе стаж отколку целата АФМ бидејќи истите успешно ги организирал и во минатото. Жалам, што АФМ има таков став, од наша страна гледиштето е дека немилиот инцидент се случи на патеката, немаше организациски пропуст или недоследност во обезбедувањето од МВР, како ни повреда на лица од публиката. Му посакувам на Димушевски што побрзо и успешно закрепнување и се надевам дека во иднина повторно заедно ќе организираме тркачки натпревари во Македонија,- изјави Каевски за „Дерби“ по прес конференцијата.

Ова не е единствената реакција со која се изразува поддршка на Димушевски, напротив, самите возачи од регионит кои во најголем дел беа присутни во Скопје викендов, поитаа да го посетат повредениот Вуле во болницата. Пораката дека „Скопје повторно личеше на тркачки град“ го пренесува возобновениот дух поттикнат од адреналинска возбуда на трибините. Впрочем, масовната посетеност и насмеаните лица на публиката беа доволен индикатор за таквата оцена.

Facebook Коментари