Со поддршка до нова победа: Бесплатен влез за неделната битка со Швајцарија

davitkov

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација на позитивен начин со победа на гостувањето кај Словачка го започна претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2021 година.

Сега таа успешна мисија во Попрад мора да се потврди во Скопје на неделниот меч против Швајцарија. Таа средба се игра од 20 часот и 45 минути во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, а целта е победа и само победа.

Секако до неа може полесно да се дојде со поголема поддршка, па МКФ донесе одлука влезот да биде бесплатен за сите граѓани.

Facebook Коментари