Податоците на УЕФА го открија најбрзиот играч на дербито Ливерпул-ПСЖ, резултатот изненадувачки (Фото)

liverpul-psg

Ливерпул и ПСЖ во вторникот одиграа исклучително интересен и возбудлив натпревар на „Енфилд Роуд“, а истиот беше решен со гол во последните секунди од судиското надополнување на главниот арбитар.

Херој за домаќините беше Роберто Фирмино кој погоди за 3:2 во 93-та минута, а покрај петте постигнати гола, УЕФА сега излезе со статистички податоци кои во прв план го ставија најскапиот дефанзивец во редовите на Ливерпул.

Вирџил Ван Дајк донесе неверојатна сигурност во одбрана на Ливерпул откако го засили тимот изминатава зима, но покрај феноменалните интеревенции и бескомпромисни стартови, последното европско дерби кое се одигра на „Енфилд“ ни откри и една негова друга силна страна.

Верувале или не, податоците на УЕФА укажуваат на тоа дека Ван Дајк бил најбрз играч на теренот во конкурренција на играчи како Салах, Мане, Нејмар, Мбапе или Кавани, а покрај него, се истакнуваат уште двајца дефанзивци на Ливерпул, Гомез и Робертсон.

Ван Дајк достигнал најголема брзина (32,4 километри на час), додека во ПСЖ најбрз бил Килијан Мбапе со 32 километри на час.

brzina-liv

 

Facebook Коментари